Новата серија која ја воодушеви јавноста, а главната причина е „најдобриот филмски бакнеж на светот“

popara4 октомври, 20241min00
62918699-scene-iz-serije-nobody-wants-this

Али и Ноа во „The Notebook“, Роуз и Џек во „Titanic“, Хана и Џејкоб во филмот „Crazy, Stupid, Love“… Сите тие се запаметени по нивните сочни бакнежи кои станаа иконски симболи на страста кај малите екран.

На таа листа се приклучи уште еден филмски бакнеж, кој дури во сценариото беше опишан како најдобриот бакнеж на светот.

А, имавме можност да го видиме во новата серија на Нетфликс Nobody Wants This, која премиерно беше прикажана пред неколку дена, и се уште цврсто го држи првото место на листата на најгледани серии.

Scene iz serije Nobody Wants This

Во серијата глуми Адам Броди како Ноа Роклов, тазе разведениот рабин и Кристен Бел како Џоан, опуштена секс-подкаст водителка.

Хемијата може да се исече со нож, е заклучокот до кој дојдоа многу гледачи веќе по првата епизода, и покрај огромните разлики во нивниот животен стил и верувања.

Ова тврдење го потврди и сцената со нивниот прв бакнеж.

Откако си кажаа дека сепак треба да бидат пријатели, бакнежот сè уште висеше во воздухот. Ноа потоа цврсто го става сладоледот на Џоан на подот и ја замолува да ја спушти чантата, ја става неговата рака на нејзиниот образ и страсно ја бакнува.

Креаторката на Nobody Wants This, Ерин Фостер рече дека сака да направи уште еден незаборавен филмски бакнеж, а актерската двојка призна дека тоа е најдобриот бакнеж на екранот што некогаш го снимиле.

Со нив се согласија фановите ширум светот кои нагласија дека токму оваа сцена ја популаризирала новата серија на Нетфликс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag