Научниците од Универзитетот во Западна Австралија на група од 1.500 испитаници им покажале фотографии од 189 луѓе (101 маж и 88 жени) кои претходно одговориле на прашањето дали биле неверни на своите партнери.
Испитаниците морале да ги рангираат тие лица по категории од 1 до 10, во зависност од тоа дали е „многу веројатно“ до „малку веројатно“ дека биле неверни.
Резултатите од истражувањето, објавени во списанието Royal Society Open Science, покажуваат дека и мажите и жените правилно ги „погодиле“ машките прељубници, но не и женските.
Претходното истражување спроведено ширум светот за прељубата покажа дека 70 отсто од луѓето во повеќе од 50 различни култури изјавиле дека се обиделе да преземат партнер на друга личност, додека 60 отсто тврделе дека успеале.
Експертите не сакале само да утврдат дали мажите и жените можат да откријат потенцијално неверство кај припадниците на спротивниот пол, туку и дали е можно да се открие прељубник, припадник на истиот пол. Резултатите не беа очекувани.
Мажите успеале да „ги фатат“, но жените биле како сфинги и ниту мажите ниту жените не можеле да „ги откријат“.
– Со оглед на сите работи, и мажите и жените покажаа натпросечна точност за откривање машки лица, но не и за женски лица. Доказот на неверство навистина може да се крие во машкото лице – напишале научниците.
Според истражувањата, се сведува на искуството на мажественост? Сепак, научниците дошле до уште еден неочекуван резултат кој сугерира дека најзгодните мажи сепак не изневеруваат најмногу.
– Зачудувачки е што, иако најзгодните мажи беа рангирани како најневерни, во реалноста тие беа неверни во релативно помал број случаи – велат експертите.
И покрај овие резултати, тие предупредуваат дека на оваа основа не треба да се носат заклучоци веќе на првата средба.
– Ако се потпреме исклучиво на првиот тест за откривање на прељубниците, ќе направиме грешка. Не смееме да ги толкуваме нашите резултати за да можеме да ги применуваме во секојдневните ситуации – вели научникот Јонг Зи Фу.