Новиот имиџ одлично му прилега: Пирс Броснан ги воодушеви сите во улога на модел

popara13 септември, 202411min00
Пирс Броснан

Италијанскиот крал на елеганцијата Џорџо Армани ги здружи силите со популарниот лајфстајл бренд “Kith” за да создаде заедничка колекција, која преку впечатлива кампања ја претстави шармантниот ирски актер.

Рони Фиг, американскиот моден дизајнер кој стои зад популарниот бренд за животен стил “Kith”, има нова возбудлива соработка.

Со познатиот Џорџо Армани создаде заедничка колекција полна со софистицирани парчиња за мажи.

Неговата и модната визија на Армани во кампањата ја прикажа легендарниот ирски актер Пирс Броснан, најпознат по улогата на британскиот таен агент 007.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kith (@kith)

Пирс Броснан како патник
Како еден од најпознатите актери во кинематографијата, филмските улоги на Броснан го однесоа низ целиот свет, отелотворувајќи ликови кои се движат низ различни култури и пејзажи со софистицираност и шарм. Пирс е глобално познат и по својата склоност кон носење одела. Поради овие и повеќе причини тој се покажа како идеален избор за улогата на „патник“ во кампањата на американскиот лајфстајл бренд “Kith” и “Giorgio Armani” .

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kith (@kith)

Нивната заедничка колекција ќе биде достапна на американскиот пазар почнувајќи од овој петок, 13 септември, додека на 20 септември ќе пристигне во одредени продавници во Европа, Јапонија и Кореја, како и во европската онлајн продавница на “Kith”

Џејмс Бонд во модерни води
Минатиот септември Броснан го привлече вниманието подеднакво како заштитно лице на модниот бренд Paul & Shark.Во модната кампања создадена пред објективот на италијанскиот фотограф Џампаоло Сгура, Броснан вешто позираше во друштво на својот помлад син Парис, кој исто како и неговиот четири години постар брат Дилан, изминатиов период плови низ модните води.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul & Shark (@paulandshark)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag