Авокадото е една од најпопуларните намирници во последно време. А конзумирањето авокадо во форма на пијалок е нешто релативно ново.Всушност, водата од авокадо, создадена од мексикански готвач, не е ништо повеќе од здраво смути што можете да го пиете за појадок.
Имено, авокадото е овошје познато по својата висока содржина на масти. И мастите не се табу кога станува збор за слабеење – особено кога станува збор за незаситените масни киселини во авокадото. Тие не одржуваат сити долго време, а исто така го намалуваат нивото на шеќер во крвта, така што по нивното консумирање јадеме помалку слатки и сме помалку склони кон желба за храна.Водата со авокадо долго време ќе ве засити, но и ќе ве снабдува со важни хранливи материи. Секако, килограмите нема да паднат преку ноќ, но дефинитивно може да помогне во губењето килограми, според Miss7.
View this post on Instagram
Рецепт за вода со авокадо
Состојки :
– 1 авокадо
– 4 лажички сок од лимета
– 2 чаши вода
– мед или сируп од агава за засладување
– 1 шолја бадемово млеко
– ледени коцки
Подготовка:
Излупете го авокадото,исцедете го сокот од лимета. Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте ги во пире.
Доколку е потребно, засладете со здрав засладувач и додадете повеќе вода ако конзистентноста е премногу густа.
Истурете во чаша и уживајте.