Поминаа години, но третата сезона на Бриџертон конечно е тука. Љубовната приказна на Пенелопе Федерингтон и Колин Бриџертон пристигна на Нетфликс во четвртокот.
Нетфликс експериментираше со објавување на сезони од најпопуларните серии како Stranger Things во два дела, па третата сезона на Бриџертон не е исклучок.
Додека првата сезона ја следеше Дафне Бриџертон, играна од Фиби Диневор, втората сезона се фокусираше на нејзиниот брат Ентони (Џонатан Бејли), а третата сезона се занимаваше со ликовите на Пенелопе Фетерингтон и Колин Бриџертон.
"dearest gentle reader, did you miss me?" OF COURSE, I DID. IT HAS BEEN 2 YEARS 😩 #BRIDGERTON #BridgertonSeason3 pic.twitter.com/bev7ntLEr8
— May🍒 (@mynicoelena) May 16, 2024
Приказната е заснована на четвртиот роман на Џулија Квин, „Romancing Mister Bridgerton“.
Официјалниот синопсис за третата сезона открива дека Пенелопе конечно се откажала од нејзината долгогодишна љубов со Колин откако ги слушнала неговите омаловажувачки зборови.
A new season of Bridgerton which means a newfound desire to fall in love and for someone to court the fuck out of me. pic.twitter.com/zak3kPnEpz
— Bassie 𐚁 (@BassieLastrassi) May 16, 2024
Во улогите на Пенелопе и Колин повторно ќе ги видиме Никола Кофлан и Лук Њутн. Додуша, новата сезона носи и промена на ликови.
На разочарување на многу фанови, оваа сезона не ни носи враќање на иконскиот војвода од Хестингс, кој го игра Реџ Жан Пејџ.