Објавен трејлерот за последниот филм на Клинт Иствуд (ВИДЕО)

popara4 октомври, 20241min00
1727959040-profimedia-0484007290-750x500

Фановите кои го виделе трејлерот го сметаат ова најдобро дело на Иствуд во последно време.

На YouTube е објавен првиот трејлер за претстојната драма „Juror #2“, за која се шпекулира дека е последниот филм во кариерата на Клинт Иствуд. Четирикратниот оскаровец го режираше филмот според сценариото на Џонатан Абрамс.

Пред камерите беа Николас Хулт, Тони Колет, Џеј Кеј Симонс, Кифер Сатерленд, Габриел Басо, Крис Месина, Зои Дач, Седрик Јарброу, Лесли Биб, Ејми Акино и Франческа Иствуд.

Приказната го следи семејниот човек Џастин Кемп (Холт) кој е повикан да биде поротник за време на судењето за убиство и дознава дека најверојатно е вмешан во злосторството.

Од трејлерот дознаваме дека Кемп една вечер се враќал дома од бар кога налетал на нешто со својот автомобил. Убеден дека удрил елен кој во меѓувреме избегал, се вратил дома.

Но, истата вечер се случило убиството на една жена, за кое бил обвинет нејзиниот дечко Џејмс Сајт (Басо). Нејзиното тело било пронајдено во близина на местото каде што Кемп го удрил еленот. Една година подоцна, Кемп мора да служи како поротник во судењето на Сајт, кој можеби е невин.

Според реакциите на фановите кои го гледале трејлерот, „Juror #2“ можеби е најдобриот филм на Иствуд во последните години. Последните два филма на кои работеше не постигнаа голем успех на бокс офисот.

„Ова изгледа неверојатно. Иствуд има талент да создава тензии во филм. Ова дефинитивно ќе го гледам“, „Каков трејлер, супер“, „Едвај чекам да гледам“, „Клинт Иствуд има 94 години и сè уште прави добри филмови“, се дел од коментарите на трејлерот.

Драмата Juror #2 премиерно ќе биде прикажана на 27-ми октомври на Филмскиот фестивал на Американскиот филмски институт (AFI Fest), а во кината ќе се појави на 1-ви ноември.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag