„ОВА Е ДАЛЕКУ ОД УБАВО! МАНЕКЕНКАТА ГИ ЗАГРИЖИ ФАНОВИТЕ:Познатата Емили Ратајковски повторно гола, овој пат на Оскарите!

popara11 март, 20241min00
Емили Ратајковски

Една од најжешките манекенки на денешницата, Емили Ратајковски, често знае да заштеди на облека – не во финансиска смисла, туку во материјална смисла. Ретко кога Емили ќе се облече „културно“. Емили Ратајковски, која го доби епитетот „модел од Куплерај“, токму поради нејзиниот начин на облекување.

Често успева да шокира со своите модни изданија на престижни настани. Многумина ја критикуваат дека е „повеќе гола отколку облечена“, а тоа беше случај и на Оскарите во 2024 година. Таа на црвениот тепих се појави во бел фустан од престижниот француски бренд „Jacquemus“. Моделот на фустанот доста потсетуваше на венчаница, со минималистичка естетика со примеси на скулпторска уметност. Имено, уникатноста на фустанот најмногу се виде во горниот дел кој се одвојува од телото. Токму поради ова, градите на манекенката беа „на удар“, изгледаше како во секој момент да испаднат. Но, Емили овој пат беше повнимателна.

Со отворени раменици и грб, фустанот имаше долг превез на десната страна кој се влечеше со секој чекор на познатата манекенка. Покрај голотијата, окото на корисниците на социјалните мрежи го привлекоа и килограмите на Ратајковска. Имено, таа на една слика направила препознатлива поза за фотосесија на која и биле исцртани ребрата.

„Драга Емили, треба да јадете урамнотежена исхрана. Ова е далеку од убаво“, напишал еден корисник.

Инаку, супермоделот редовно тренира, а по породувањето се посвети на себеси да си ја врати линијата во форма. Таа се колне во еден пијалок што го пие редовно што помага да не се натрупаат несаканите килограми. Станува збор за сок кој има само две состојки – куркума и цвекло.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag