Ова е најбараната патика на светот во моментов: Со освежувачки бои кои се вклопуваат во секакви комбинации

popara21 октомври, 20241min00
Celebrities At The 'Jimmy Kimmel Live!' Show Studios

Дакота Џонсон веќе неколку пати ги комбинираше овие патики со работи во пригушени, есенски тонови. Иако на прв поглед изгледаат некомпатибилни со нејзините комбинации, тие всушност се хит.

Дакота Џонсон разви речиси непогрешливо чувство за трендови кога станува збор за обувките, особено патиките. Кога Дакота ќе избере модел, можете да бидете сигурни дека тој е веќе во тренд или наскоро ќе стане таков.

Така е и со патиките кои неодамна ги носеше на улиците во Њујорк. Станува збор за моделот „Squash Polta AKH“, создаден во соработка на брендот Adidas и британскиот дизајнер Крег Грин, кој привлекува внимание со својот необичен избор на бои.

Иако не е класичната зелена боја (која Дакота ја има облечено многу пати – од секогаш популарните патики Адидас Самба во нијанса „Сребрена зелена“ до темнозелените модели на Најк Кортез), овие патики доаѓаат во освежувачка аквамарин нијанса, со светло сиви, жолти и светло сини детали.

Покрај внимателно одбраните бои кои одлично се вклопуваат, патиките воодушевуваат и со најразлични материјали – мрежа, велур и кожа.

Овој впечатлив модел особено доаѓа до израз со едноставни и неутрални тоалети, исто како што често избира Дакота. Таа одлично покажа како аквамарин патиките можат да ги освежат есенските кафени тонови. Нејзината комбинација се состоеше од долг беж капут Лесет, панталони од сомот од Essentiel Antwerp во топла кафена нијанса и голема чанта The Row.

Дакота во друга прилика избра слична комбинација и исти патики.

Светлиот, освежувачки тон на патиките од аквамарин создава прекрасен контраст со пригушените топли нијанси на кафена боја, правејќи ја целата облека да изгледа динамично наместо монотоно.

На веб-страниците нивната цена е околу 220 долари, иако не се знае кога ќе бидат достапни кај нас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag