Ова е најгледаната серија на Нетфликс оваа година – и можеби е подобро да ја прескокнете

popara23 септември, 20241min00
m_35345797_1280

Популарната стриминг платформа објави листа на најгледани наслови во првите шест месеци од 2024 година, меѓу кои има бројни хитови и квалитетни серии за кои многу се пишуваше и дискутираше, а кои би можеле повторно да ги гледаме. И токму поради ова, многумина беа изненадени што ниту „Baby Raindeer“, ниту „One Day“, ниту „The Gentlemen“ или дури ни третата сезона од популарната серија „Бриџертон“ не беа најгледани, туку насловот што беше претставен за прв пат оваа година – „Fool Me Once“, кој има 108 милиони прегледи.

Криминална серија „Fool Me Once“

„Fool Me Once“ е британска телевизиска серија од осум дела, базирана на истоимениот роман на Харлан Кобен, познат крими писател, која беше претставена на Нетфликс на 1 јануари оваа година и веднаш го привлече вниманието на гледачите.

Серијата ја следи приказната за Маја Стерн (Мишел Киган), поранешна војничка која се обидува да се справи со бруталното убиство на нејзиниот сопруг Џо (Ричард Армитаж). Меѓутоа, кога Маја инсталира скриена камера за да ја следи нејзината мала ќерка, таа е шокирана кога гледа маж што го препознава на снимката – нејзиниот наводно мртов сопруг.

Она што следи е напната приказна полна со заговори, тајни и неочекувани пресврти. Додека Маја се обидува да ја открие вистината за нејзиниот сопруг, детективот наредник Сами Кирс (Адел Ахтар) ја води истрагата за смртта на Џо додека се бори со сопствените тајни.

Доколку барате опуштање со доза на интрига и напнатост, погледнете ја серијата, но доколку барате нешто повеќе од тоа, прескокнете ја.

image

Заедно со Мишел Киган во главната улога, во серијата „Fool Me Once“ глуми и Ричард Армитаж, познат по улогите во адаптациите за Кобен. Легендарната Џоана Ламли ја гледаме во улогата на мајката на Џо, Џудит, додека Адел Ахтар се истакнува како детектив Кирс.

„Fool Me Once“ е деветта адаптација на романите на Кобен на Нетфликс, создадена како дел од петгодишниот договор меѓу авторот и стриминг гигантот. Добар успех кај гледачите постигнаа и претходните адаптации како „Safe“, „The Stranger“ и „Stay close“. Успехот на новата серија дополнително ја зацврсти соработката помеѓу Харлан Кобен и Нетфликс, па веќе се најавени нови соработки – ќе се снимаат серии според романите „Missing You“ и „Run Away“, а се планира и адаптација. од популарната серија романи на Кобен за Мајрон Болитар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag