Нетфликс во пресрет на Ноќта на вештерките го објави новиот филм „Don’t Move“, кој веднаш го освои првото место на платформата ширум светот.
Заплетот на филмот следи жена која, откако напаѓачот и вбризгува паралитички лек, мора да бега, да се бори и да се крие пред нејзиното тело целосно не откаже.
Таа премиса ја поставува основата за напната и возбудлива приказна која ги истражува границите на човечката издржливост и снаодливост, а режисерите Адам Шиндлер и Брајан Нето и продуцентот Сем Раими се погрижија секој момент да биде исклучително напнат.
Протагонистката е Ајрис (Келси Асбил), жена која се бори со депресија по губењето на детето, а нејзиниот живот драстично се менува кога го запознава мистериозниот Ричард (Фин Витрок), кој и раскажува за сопственото трауматично искуство.
Неговите зборови се надежни, но наскоро се откриваат неговите вистински намери. Ричард ѝ вбризгува паралитик на Ирис, оставајќи ја во агонија додека се бори против неподнослива ситуација.
Во следните 75 минути, филмот се одвива во реално време, прикажувајќи ја борбата за живот на Ајрис додека нејзиното тело постепено ги губи функциите. Додека Ричард се обидува да ѝ го скрши духот, Ајрис се соочува со различни закани по нејзиниот живот, што дополнително ја зголемува тензијата.
И покрај големиот број на гледачи, критиките се доста поделени. Додека едни велат дека е еден од најнапнатите филмови за оваа година, на други баш и не им се допадна. Сепак, сликата на новиот филм не изгледа толку лошо со оглед на тоа што на соодветниот сајт во филмскиот свет, Rotten Tomatoes, е оценет со солидни 70 проценти.