Сите знаеме дека рибата е здрава за јадење. Таа е полна со омега-3 масни киселини поради што се препорачува да ја консумираме најмалку двапати неделно.
Но, дали сте знаеле дека секоја риба не е здрава?
Ви донесуваме список на 9 најздрави риби на светот:
- Атлантски лосос: Велат дека омега-3 масните киселини кои ги содржи црвеното месо на оваа риба можат да влијаат на биолошкиот часовник на човекот, што значи дека можат да го забави стареењето.
- Сина риба: Се смета за исклучително корисна за човечкиот организам бидејќи содржи изобилство од фосфор, калиум, калциум, натриум и железо.
- Атлантска харинга: Се смета за помасна риба, но омега-3 масните киселини кои ги содржи се од голема корист за кардиоваскуларниот систем.
- Езерска златовчица: Риба која живее во слатки води. Нејзиното месо е масно, речиси како месото од лосос, но не се суши кога термички ќе се обработи.
- Папалини: Гириците или сарделите се вид риба која има толку протеини што може да му парира на кое било месо. Од друга страна, нејзините калориски вредности се мали. Богата е со витамини и минерали кои му се потребни на организмот за нормално функционирање.
- Скуша: Оваа риба е совршена за секоја диета бидејќи содржи малку калории, а многу витамини и минерали.
- Пастрмка: Ако само еднаш неделно јадете пастрмка, можете да го намалите високото ниво на холестерол, да ги зајакнете крвните садови и нервите и да го намалите ризикот од појава на проблеми со помнењето во староста.
- Сардина: Оваа мала риба добро се апсорбира во човечкиот организам и е одличен извор на протеини. Сардината содржи цел комплекс на витамини (А, Б12, Б6, Д) и рибино масло кое го намалува холестеролот.
- Туна: Богата со омега-3 и омега-6 масни киселини, што ја сместува помеѓу најкорисните риби.