„Ова е небесно сина“: Глумиците од „Ѓаволот носи Прада“ се појавија заедно на сцената по 18 години

popara25 февруари, 20241min00
62749973-meryl-streep-anne-hathaway-i-emily-blunt

Актерките од „Ѓаволот носи Прада“ Мерил Стрип, Ен Хатавеј и Емили Блант повторно се обединија на синоќешното доделување на SAG наградите за 2024 година за да ја објават најдобрата машка улога во хумористична серија, додека ја воодушевија публиката со референци за сега веќе иконскиот филм.

Мерил Стрип излезе на сцената во „Shrine Auditorium & Expo Hall“ во Лос Анџелес и случајно удри во микрофонот пред да ѝ се придружат Ен Хатавеј и Емили Блант.

„Две работи: ги заборавив очилата, очигледно, и пликот“, рече Стрип пред Блант и Хатавеј да и го донесат. „Тоа е старо прашање – каде завршува ликот и каде започнува актерот?“, продолжи таа, а Блант одговори: „Како што штотуку видовме, Мерил и [нејзиниот лик Миранда Пристли] се како близнаци, нели?“

„Не, не, тоа не беше прашање“, додаде Хатавеј како одговор, повикувајќи се на познатата сцена во која Пристли забележува дека нејзиниот лик во филмот, Енди Сакс, нема смисла или вкус за мода.

Нивното повторно обединување на сцената сега доаѓа осумнаесет години откако тие глумеа заедно во 2006 година во The Devil Wears Prada, која на Стрип ѝ донесе номинација за SAG награда и номинација за Оскар за нејзината улога на уредничката на списанието Runway, Миранда Пристли.

Трите диви синоќа воопшто не потфрлија на моден план, како што доликува на ѕвездите од омилениот моден филм.

Ен Хатавеј воодушеви во неверојатен син винтиџ фустан од Версаче со преголем ремен и исечок под бистата. Фустанот беше и директна врска до хит филмот.

Anne Hathaway nosila je nebeski plavu Versace haljinu

Имено, Хатавеј ја праша водителката на црвениот тепих, актерката Лаверн Кокс, каква боја е ова? Дали би било небесно сино?, евоцирајќи ја сцената каде Миранда Пристли го учи нејзиниот лик Енди за нијанси на сино. Сината вешто ја искомбинирала со сребрени модни додатоци – ланче, клач чанта и прстен, а и сандалите ѝ биле сребрени.

Емили Блант, пак, блесна во црвено. Актерката, која беше номинирана и за споредна женска улога во Опенхајмер, заслепуваше на црвениот тепих во темноцрвен фустан на Луј Витон со смело деколте, во комбинација со накит од палетата Tiffany & Co.

Emily Blunt u crvenoj Louis Vuitton haljini

Легендарната Мерил Стрип ги балансираше светлите бои на своите помлади колешки појавувајќи се во фустан за кој е заслужна Прада.

Темноцрвениот фустан со долги ракави со светол долен слој беше проѕирен и имаше интересен дезен покрај него. Таа носеше металик чанта со украси на Фред Лејтон. Актерката и овојпат реши да ги отфрли очилата за црвениот тепих и ја подигна косата.

Со оглед на тоа дека фановите на Ѓаволот носи Прада одамна се помириле со фактот дека нема да има продолжение на овој многу сакан филм, оваа дружба секако им донесе насмевка на лицата и барем малку ја пополни празнината и ја исполни нивните очекувања..

Meryl Streep nosila je Pradinu haljinu

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag