Ова е спас за мрсна коса: Ефтино средство кое делува подобро од сув шампон

popara24 јуни, 20241min00
47545_shutterstock-1675579138_f

Кога вашата коса е мрсна, помеѓу миењето, може да посегнете по сув шампон. Но, експертот за убавина Тати Вестбрук (42) тврди дека ова е последното нешто што ви треба и дека тајната за лекување на мрсна коса е во еден производ за нега на кожата, пишува The Sun.

Тати на Јутјуб откри како прави евтин трик за неколку секунди за да ја отстрани маснотијата од косата. Таа рече дека делува многу подобро од сув шампон.

Експертот рече дека мицеларната вода ги намалува мастите. Таа користи мицеларна вода за комбинирана и мрсна кожа склона кон неправилности, која ја чува во шише со спреј.

Кога косата и е мрсна, особено после вежбање, Тати ја прска со мицеларна вода на косата и потоа ја суши со фен за да го отстрани маслото.

„Работи толку добро што е неверојатно“, рече таа.

“Мицеларната вода јаде маснотии, нема остатоци од сув шампон, нема неред. Косата ќе ви изгледа толку свежо што ќе мислите дека никогаш повеќе нема да ја миете. Буквално ќе и обезбеди еластичност и свежина на вашата коса”, откри експертот.

Мицеларната вода е производ за нега на кожата кој содржи мицели, мали групи на молекули составени од уникатна структура од два различни дела – хидрофилна глава, која привлекува вода и липофилна опашка, која привлекува масло.

Micelarna voda

Кога се мешаат во вода, овие молекули се собираат во мицели и формираат мали сферични структури. Кога нанесувате мицеларна вода на мрсна коса, мицелите влегуваат во акција.

Липофилните опашки се врзуваат за масло, маснотии и нечистотии на скалпот и косата, додека хидрофилните глави обезбедуваат мицелите да останат суспендирани во вода. Ова двојно дејство овозможува мицеларната вода ефикасно да го подига и отстранува вишокот маснотии и нечистотија без потреба од грубо чистење и плакнење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma