Ова е УБЕДЛИВО најлошата положба за СПИЕЊЕ: Ги искривува ВНАТРЕШНИТЕ органи, остава СЕРИОЗНИ последици

popara17 февруари, 20241min00
Screenshot_7

Одредени положби при спиење може да го“ отежнат спиењето, да ги оптоварат вратот, рамената или грбот. Квалитетниот сон е пресуден за здравјето, а еден од факторите кои често ги занемаруваме е позицијата во која спиеме.

 

 

 

 

Според докторката Ниши Бопал, лежењето на стомак се смета за најлошата положба за спиење. Таа вели дека оваа положба ги оптоварува грбот и вратот, а може да предизвика болки во долниот дел на грбот.

 

Освен тоа, спиењето на стомак го отежнува и спиењето, сметаат други доктори.

 

„Ако на пример сте си легнале со затнат нос, веројатно знаете дека нема квалитетно да се одморите ако цела ноќ дишете на уста“, вели докторката Кетрин Дарли.

 

Причината зошто спиењето на стомак е најлошата положба е затоа што вашето лице не може да биде во рамна положба.

 

„Главата свиткана во една страна претставува големо напрегање на лигаментите на вратниот ‘рбет, а исто така може да го стави вратот во компромитирачка положба во текот на целата ноќ. Ретко сум видел добра положба на вратот кај луѓето кои спијат на стомак“, вели киропрактичарот Б.Џ. Хардик.

 

Доколку многу сакате да спиете на стомак, Бопал предлага да користите потенка перница или да спиете без перница за да го намалите притисокот на грбот. Но, во најдобар случај, можеби треба да пробате да спиете на грб или на страна.

 

Спиењето на грб се смета за најдобро за израмнување на ‘рбетот, иако може да предизвика проблеми кај луѓето кои рчат, имаат апнеа во сон или рефлукс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag