Ова се најочекуваните rock албуми во 2024-та година

popara12 јануари, 20241min00
1704983890-pexels-elviss-railijs-bitans-1389429-1024x683

Музичкиот календар за 2024 година изгледа ветувачки!

Во 2024 година, можеме да очекуваме голем број на нови рок изданија; од возбудливи албуми на веќе легендарни бендови до со нетрпение очекуваните следни чекори на оние кои штотуку почнаа да не воодушевуваат.

Еве некои од нив:

Green Day – Saviors

Не е тајна дека последниот албум на Грин Деј, Father of All Motherfuckers, наиде на резервираност меѓу обожавателите.

Сепак, со претстојниот албум се чини дека сакаат да го поправат тој погрешен чекор. Тие се враќаат на политичкиот тон, но и на стариот продуцент Роб Кавало, кој работеше на албумите Dookie и American Idiot, пишува Consequence of Sound.

The Smile – Wall of Eyes

Неполни две години по објавувањето на нивното деби, The Smile, гранка од бендот Radiohead, се подготвува да го претстави својот втор албум.

Со најавата за епската песна Bending Hectic и прекрасно сложената насловна нумера, Wall of Eyes, Yorke и Greenwood подготвуваат уште една доза чисто музичко задоволство што балканската публика ќе може да го доживее на концертот во Пула арената на 15 јуни.

IDLES – Tangk

Idles го објавија својот магнум опус Crawler во 2021 година, но наместо очекуваната тригодишна пауза, тие направија светска турнеја, настапија во Coachella, а некаде на патот го снимија и Tangk, албум со љубовни песни, прв од ваков вид во историјата на овој панк бенд.

MGMT – Loss of Life

По шест години, MGMT се враќа со нов албум, Loss of Life, кој носи листа на значајни соработници, вклучувајќи ги Патрик Вимберли (Бијонсе, Лил Јахти), Дејв Фридман (The Flaming Lips, Spoon), Даниел „Oneohtrix Point Never“ Лопатин и Брајан „Danger Mouse“ Бартон. Дури и Christine and the Queens се вклучи во акцијата.

Колку забавно!

The Jesus and Mary Chain – Glasgow Eyes

Речиси 40 години од нивното прво издание, The Jesus and Mary Chain го донесоа својот осми студиски албум, Glasgow Eyes.

„Нашиот пристап кон создавањето е изненадувачки ист како во 1984 година, само влегуваме во студио и гледаме што ќе се случи“, изјавија Џим и Вилијам Рид. „Постои еден вид телепатија – ние сме овие чудни, не баш близнаци, кои си ги завршуваат речениците. Тоа е ветувачко“, велат тие.

Нови изданија најавија и: Grandaddy, J Mascis, The Libertines, Real Estate, Sheryl Crow, Sleater-Kinney, Ty Segall и Vampire Weekend.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag