Ова се причините поради кои некои жени не можат да доживеат оргазам

popara18 април, 20241min00
Screenshot_18

Најчестите причини поради кои жените не можат да доживеат оргазам се од ментална и физичка природа.

 

 

 

 

 

Во една научна студија само 18,4 проценти од жените изјавиле дека доживуваат оргазам во текот на сексот, односно дека за него им е потребна стимулација на клиторисот. Во друга студија, објавена во Journal of Sexual Research, четвртина од мажите изјавиле дека одглумиле оргазам.

 

 

Сексологот Сара Хантер Мареј одвојува неколку причини поради кои мажите и жените не можат да доживеат оргазам.

 

  1. Физички причини поради кои не можете да доживеете оргазам

 

Најчеста физичка причина поради која жената не доживува оргазам е недостатокот на стимулација на клиторисот. Исто така и болки при сексуалниот чин можат да ве спречат да доживеете оргазам, но и некои видови на контрацепција можат да го нарушат вашето либидо.

 

Мажите обично имаат проблем со недостаток на сексуална желба и одржување на ерекција.

 

  1. Ментални причини поради кои не може да доживеете оргазам

 

И менталните блокади можат да бидат една од причините за ова.

 

„Тоа можат да бидат разни причини како емоционалната одвоеност од партнерот, стресот, чувството на несигурност, како и сексуална траума од минатото“, вели Мареј.

 

Исто така, една од причините може да биде и срам од партнерот.

 

„Нереалните очекувања како треба да се однесуваме и да изгледаме во текот на сексот можат да бидат дел од причините поради кои не може да доживеете оргазам“, вели Мареј.

 

  1. Како да се решите од препреките?

 

Експертите препорачуваат да разговарате со партнерот, отворена комуникација доведува до совршено сексуално задоволство. Немојте постојано да размислувате дали ќе доживеете оргазам, туку уживајте во сексот.

 

Стимулацијата на клиторисот е еден од најлесните начини жените да доживеат оргазам. Слободно кажете му ги вашите желби на партнерот, пробајте пози кои имаат можност за подобра стимулација.

 

Анксиозноста може да биде една од најчестите причини за отсуство на оргазам, затоа обидете се со разни техники да се опуштите во креветот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma