Психолозите откриваат кои се сигналите на нервен слом и што треба да се направи во таква ситуација
Во продолжение ви откриваме кога е вистинското време да одите на психолог и да побарате помош:
„Луѓето одат на психолог или психотерапевт кога актуелната криза, проблеми или симптоми нараснуваат до таа мерка што веќе не можат да се поднесат. Искуството покажува нешто парадоксално: колку што е поголемо страдањето толку поголема е мотивацијата за соочување со проблемот.
Човекот тогаш е најподготвен и најистраен во тоа да ги согледа причините за проблемот. Кризата настанува кога животната случка или стресот ќе го надвладеат нашето искуство и актуелниот емоционален капацитет“, откриваат психолозите.
Во процесот на работата на себе, во склоп на психолошкото советување, со текот на времето симптомите и проблемите се ублажуваат, бидејќи нивната сигнална функција губи на значење откако ќе се фокусираме на проблемот.
„Сигналите што укажуваат на нервен слом се промените, односно појавата на една специфична или општа дисфункционалност, но и страдањето што го чувствуваме кога нашите капацитети не се доволно големи за да се адаптираат на промената, односно на некој животен настан. Тие се одразуваат како промени на расположението, здравствени проблеми, промени во однесувањето, неефикасност и така натаму“, додаваат психолозите.
Колку што е кризата поинтензивна и страдањето поголемо, толку побрзо се покренуваат луѓето. А ако проблемите се поблаги, поподносливи, луѓето можат да се адаптираат, да го подигнат нивото на адаптација на проблемот и ги игнорираат сигналите.
Како да се ослободите од стресот и од неговото негативно влијание врз здравјето?
„Важно е да се покренеме и активно да пристапиме кон решавање на проблемот. Да се обидеме да согледаме што е тоа во нашето искуство и животен стил што нѐ доведува до дисфункционалност и тегоби.
Барањето помош од професионалци од областа на менталното здравје е еден од начините поактивно и поамбициозно да ги согледаме причините за проблемот и да започнеме со работа на себе. Тоа е релативно долготраен процес, но само увидите и промените на некој дел од нашето емоционално искуство доведуваат до потрајно решение“, заклучуваат психолозите.