Ова треба да се забрани: Младенците обожаваат еден нов бизарен тренд, а на многумина не им се верува кога ќе слушнат за што се работи!

popara3 февруари, 20241min00
52456_shutterstock-412337095_f

Нов тренд кај невестите и младоженците во светот, особено во САД, е пуштањето пеперутки на свадби, а тоа наиде на бурни реакции кај експертите.

За пеперутките се верува дека се симбол на „новите почетоци и новиот живот“, па инсектите станаа популарен избор за многу парови на нивниот „специјален ден“ и служат како замена за конфети.

Пеперутките се чуваат во кутија за „масовно издание“ или дури и во индивидуален плик понекогаш, а кога ќе се побараат, се фрлаат во воздух за забава. Сепак, реалноста е дека тие ретко преживуваат. Во многу случаи, крилестите инсекти умираат пред настанот, а експертите бараат да се забрани оваа практика.

На социјалните мрежи започна дебата кога идната невеста ја отвори темата. Објавувајќи во Фејсбук група за планирање венчавки, таа праша што мислат другите за трендот, но брзо наиде на негативни одговори.

leptiri

„Ова е веројатно една од најсуровите идеи за свадба што некогаш сум ја видел“, „Ова треба да биде нелегално“, рече друг, додавајќи дека е „страшно“. Други рекоа дека инсектите заробени внатре пред да бидат ослободени често имале „навистина ужасни“ исходи.

Професорот Ендрју од Универзитетот „Саутерн Крос“ се согласи дека трендот е чуден и проблематичен не само за безбедноста на инсектите туку и за животната средина, а има повици од други организации дека оваа практика треба да се забрани.

Постојат стотици компании во САД кои ја нудат оваа услуга, а цените започнуваат од 50 долари за 12 пеперутки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma