Вежбите, односно техниката на дишење што можете да ја примените во таа ситуација значително ќе ви помогнат да го спречите развојот на нападот или, доколку веќе е развиен, да ги смирите симптомите и брзо да го вратите телото во рамнотежа.
Како да дишете кога чувствувате дека доаѓа напад на паника:
– Дишете од стомакот, вдишете воздух низ носот, полека, броејќи до пет
– Кога ќе земете длабок здив, задржете го здивот и повторно избројте до пет.
– Почнете да го издишувате воздухот многу бавно, преку нос или уста, броејќи до пет и целосно издишете.
Кога ќе издишите, земете два вдишувања и издишете со вашиот нормален ритам на дишење, а потоа повторете ја техниката на длабоко дишење. Повторете го циклусот три пати и дотогаш веќе ќе почувствувате дека симптомите почнуваат да се намалуваат, пулсот ќе се смири и дишењето ќе се нормализира.