Овие мажи се пониски од 175 сантиметри, а жените едноставно ги обожаваат

popara7 август, 20241min00
Том Круз

Не им треба висина за да ги шармираат жените.

Висината е еден од клучните фактори кои жените го наведуваат кога ќе кажат што им е важно кај мажот, но, се чини, тоа правило не важи кога се во прашање холивудските заводници. Точно, филмското платно не е реална претстава и главно сите изгледаат повисоки, но висината, т.е. недостатокот не ги спречува да бидат миленици на жените.

И кој се најде на нашата листа?

1. Ал Пачино

Неговиот живот е поголем од култните филмови што ги снимал, па кому му е грижа за висината?

Ал е висок само 167 сантиметри, но тоа не го спречило да излегува со најубавите жени на светот.

2. Роберт Дауни Џуниор

Суперхеројот во филмот докажа дека е суперхерој во реалниот живот кога ги победи сите зависности.

Најплатениот актер во светот Роберт Дауни Џуниор е висок 174 сантиметри.

3. Том Круз

Ах, Том Круз…

На кого му треба висина со тие сини очи и насмевка од милион долари?

Круз е висок 170 сантиметри, но сака повисоки партнерки – и Никол и Кејти биле повисоки од него.

4. Кит Харингтон

Миленик на помладата популација. Кит се прослави со улогата на Џон Сноу во култната серија „Игра на тронови“.

Висината од 173 сантиметри не може да ја расипе неговата препознатливост и мистериозната аура по која воздивнуваат жените.

5. Зак Ефрон

Најголемата тинејџерска ѕвезда на милениумите, Зак Ефрон е висок 173 сантиметри, како и неговиот колега Кит. Кој би го забележал тоа покрај сините очи и издлабените стомачни мускули?

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma