Овие симптоми укажуваат на проблеми со црниот дроб, а многу често ги игнорираме

popara20 јули, 20241min00
Screenshot_19

Обрнете внимание на своето лице, оваа промена е алармантна!

 

 

 

Првата трансплантација на црн дроб од починат донор во нашата земја беше изведена во ноември 2022 г. на Клиниката за дигестивна хирургија.

 

Црниот дроб е вториот орган по големина, после кожата. Се наоѓа на десната страна под градите од каде што врши важна функција во човечкото тело. Имено, главната улога на црниот дроб е прочистување на крвта од токсини. Следно, апсорпција на хранливите материи неопходни за нормално функционирање, излачување на жолчните киселини кои се неопходни за варење, како и одржување на постојан проток и притисок на крвта. Црниот дроб го штити нашето тело од инфекции, и тој е еден од најважните органи во телото.

 

Секоја година во светот заболуваат најмалку 87.000 лица од карцином на црниот дроб, па раното откривање на оваа болест и нејзина превенција е од клучно значење.

 

Според официјалните податоци, досега во Македонија се направени три трансплантации на црн дроб, а за лечење на оваа болест во Европа се издвојуваат околу 4 милијарди евра, од кои 1,7 милијарди одат за директни трошоци.

 

Затоа, многу е важно да се препознаат раните симптоми на оваа болест особено ако е позната важноста на овој орган за нормално функционирање на целиот организам.

 

Предупредувања за развој на болеста на црниот дроб:

 

-Пожолтување на кожата или очите

 

Едно од предупредувањата за развој на болест кај црниот дроб е пожолтувањето на кожата или белките на очите, познато како жолтица. Оваа состојба укажува на дисфункција во процесот на создавање на жолчната киселина.

 

Болка во горниот десен дел на стомакот

 

Болката во горниот десен дел на стомакот може да биде знак за акутен напад или влошување на хроничната состојба на црниот дроб. Воспаление и растегнување на капсулата на црниот дроб може да ја предизвикаат оваа болка, која може да биде незгодна бидејќи истиот симптом може да биде предизвикан и од болест на жолчното кесе или камења во жолчката.

 

Замор и поспаност

 

Натрупувањето на токсичните нуспроизводи од оштетувањето на црниот дроб може да предизвика замор и поспаност. Кога отпадните материи не се метаболизираат и не се отстрануваат правилно, амонијакот може да се акумулира во крвотокот, што резултира со замор, поспаност и конфузија.

 

Овие предупредувања се важни за да се препознаат потенцијалните проблеми со црниот дроб. Ако забележите некој од горенаведените симптоми, важно е да побарате лекарска помош за да ја утврдите причината и да започнете со соодветен третман. Заболувањето на црниот дроб може да има сериозни последици, така што раното препознавање на симптомите е клучно за ефикасно лечење.

 

Некои од причините за заболување на црниот дроб вклучуваат:

 

– Акумулирање на масти во црниот дроб – неалкохолна болест на црниот дроб („замастен црн дроб“)

 

– Инфекции. Паразитите и вирусите можат да го заразат црниот дроб, предизвикувајќи воспаление што ја намалува неговата функција. Вирусите кои предизвикуваат оштетување на црниот дроб може да се шират преку крв или семена течност, контаминирана храна или вода или близок контакт со заразено лице. Најчести типови на инфекции на црниот дроб се вирусите на хепатитис, вклучувајќи: Хепатитис А, Б и Ц

 

– Заболување на црниот дроб предизвикано од хронична злоупотреба на алкохол

 

– Токсичен ефект на лекови, хербални лекови

 

– Наследни („вродени“) абнормалности на црниот дроб. Абнормален ген наследен од едниот или двајцата родители може да предизвика акумулација на различни супстанции во вашиот црн дроб, што доведува до негово оштетување. Генетските заболувања на црниот дроб вклучуваат: акумулирање на железо (хемохроматоза) и бакар (Вилсонова болест) во телото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag