ОВИЕ СИМПТОМИ УКАЖУВААТ ПРОБЛЕМ СО ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА! Можеби е време да посетите лекар

popara25 мај, 20241min00
Screenshot_3

Хипертироидизам и хипотироидизам се две од петте нарушувања на работата на тироидната жлезда

 

 

 

 

Нарушувањата на работата на тироидната жлезда имаат многу лица. Секоја состојба е поврзана со различни фактори на ризик, причини и третмани, но нивните симптоми не се специфични и може да биде многу тешко да се идентификуваат и разликуваат од симптомите на други здравствени нарушувања во организмот. Кампањата „Многуте лица на тироидната жлезда – Аларм за свест“ токму преку седумте тироидни емотикони има цел да ги прикаже симптомите и нарушувањата на работата на тироидната жлезда и да даде првични насоки како да ги препознаете знаците и симптомите на секое од нарушувањата, со една важна напомена дека доколку пациентите навреме ги препознаат симптомите и побараат стручна помош и соодветен третман, можат да имаат среќен и здрав живот.

 

Тироидната жлезда има витална улога во одржувањето на здравјето на човекот. Таа овозможува правилна функција на ткивата и органите, а тироидните хормони му помагаат на организмот да ја користи енергијата, да ја одржи телесната температура и да овозможи правилна функција на мозокот, срцето, мускулите и другите органи. Ако тироидната жлезда не функционира правилно, можат да се јават знаци и симптоми на кои треба да обрнете внимание и да се обратите кај вашиот лекар.

Денес ви претставуваме две од петте нарушувања на работата на тироидната жлезда: хипертироидизам и хипотироидизам

 

Хипертироидизам или хиперактивна тироидна жлезда се јавува кога таа лачи премногу хормон, кој ослободувајќи се во крвотокот, го забрзува метаболизмот на телото.

 

Хипертироидизмот има тенденција наследно да се појавува во семејствата и најчесто се јавува кај млади жени. Најчести симптоми се: забрзан пулс, зголемено потење, нервоза или раздразливост, анксиозност, ненадејно губење тежина, треперење на рацете, мускулна слабост (особено во надлактиците и натколениците),забрзана перисталтика на дебелото црево, полесни или поретки менструални циклуси, кршлива коса и тенка/влажна или топла кожа. Важно е да се напомене дека симптомите на хипертироидизам треба да се лекуваат бидејќи во спротивно може да се појават сериозни компликации.

 

Хипотироидизмот е спротивна состојба на хипертироидизмот – името е дадено според недоволно активна тироидна жлезда. Ова значи дека тироидната жлезда не произведува доволно хормони, со што метаболизмот на телото е намален. Хипотироидизмот најчесто е предизвикан од автоимуна болест, позната како Хашимото тиреоидитис, која доведува до оштетување на тироидната жлезда.

 

 

 

Хипотироидизам исто така може да биде несакан ефект при третман на тироидната жлезда, како што е хируршко отстранување, премногу или премалку јод во исхраната или третман со зрачење. Симптомите што се јавуваат вклучуваат замор, зиморливост, зголемување на телесната тежина, депресија, запек, проблеми со менструалниот циклус и со плодноста, мускулни проблеми, сува и бледа кожа и намалено либидо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag