Овие 10 намирници слободно можете да ги јадете доцна навечер, нема да се здебелите

popara29 февруари, 20241min00
Печен зеленчук

Никогаш не го прескокнувајте последниот оброк во денот, само воведете храна која не дебелее.

Според правилата на здравата исхрана, вечерата е подеднакво важен оброк како и појадокот. Кога луѓето сакаат да ослабат, многумина ја прескокнуваат вечерата и признаваат дека им е тешко да не јадат после 18 или 20 часот. Спротивно на популарното верување, нутриционистите истакнуваат дека последниот оброк можете да го имате два часа пред да си легнете. Можете и треба да јадете навечер, но ако се придржувате до неколку основни правила – правилен избор на храна, осумчасовен сон и ослободување од стрес.

По 16 часот, метаболичките процеси во телото се забавуваат, но тоа не се изразува на ист начин кај сите. Апетитот многу често се буди навечер, а тоа се случува затоа што телото конечно се буди, откако ќе потроши максимален број калории во текот на денот. Така, на телото му е потребна дополнителна исхрана, а изворот на енергија може да биде здрав, но во исто време многу вкусни и задоволувачки јадења кои ќе го елиминираат чувството на глад, а нема да и наштетат на фигурата.

Месото, рибата, млечните производи, мешунките, јаткастите плодови и авокадото се храна со намалено количество јаглехидрати. Дури и да не следите одредена диета, тие се најдобриот избор за вечера. Јадењата направени од овие намирници поволно делуваат на метаболизмот, што помага за брзо слабеење. Изобилството на влакна во комбинација со храна богата со протеини го подобрува варењето и функционирањето на гастроинтестиналниот тракт,пишува “Mondo”.

Image

 

10 намирници за вечера кои не дебелеат

-Салата од бело месо и зелен зеленчук (тиквички, зелена салата, краставица, маслиново масло и сок од лимон)

-Салата од посна риба и домати со босилек

-Морска храна

-Зелени јаболка и цимет

-Чаша кефир и печен зеленчук (црвена пиперка, тиква, тиквички)

-Омлет со авокадо и домат

-Салата од свеж зеленчук и грст бадеми со додаток на ленено масло

-Варени ракчиња

-Брокула

-Пире од целер

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma