Ако чувствувате дека вашите црева се „бавни“, се будите надуени и уморни, овој еликсир е вистинското решение за вас.
За да го подготвите ќе ви требаат само неколку состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата кујна, а тоа се: јаболков оцет, лук, чили, ѓумбир, рен и куркума.
Подготовката на овој напиток е многу едноставна, а веќе по првата употреба ќе забележите промени во однос на повеќе енергија, подобро варење и порамен стомак.
Потребни состојки:
– 7 дцл. јаболков оцет
– ¼ шолја ситно сецкан лук
– 2 ситно сецкани чили пиперчиња
– ¼ шолја рендан ѓумбир
– 2 лажици рендан рен
– 2 лажици куркума во прав
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки освен јаболковиот оцет во еден сад. Потоа префрлете ги во тегла од еден литар и до врвот прелијте ги со јаболков оцет. Покријте и малку протресете ја теглата. Оставете ја теглата на суво и ладно место две недели и повремено протресувајте ја.
По две недели, процедете ја течноста од теглата преку чиста газа во цедалка. Добро истиснете ја газата за да го исцедите целиот сок. Овој еликсир не мора да го чувате во фрижидер, а може да трае долго.
Ставете малку од еликсирот во устата, држете го неколку секунди, а потоа проголтајте. За најдобар ефект, пијте го без да додавате вода.
Напомена: Овој еликсир пијте го само доколку немате здравствени проблеми, во спротивно прво консултирајте се со вашиот лекар.