Овој тип на исхрана ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ Започнете уште денес!

popara22 јуни, 20241min00
Screenshot_10

Според најновите научни истражувања, медитеранската исхрана во комбинација со вежби спречува создавањето на голем број хронични заболувања и може да го продолжи животниот век до 15 години. Истражувањето се спроведувало на 120 000 мажи и жени и тоа на старосна возраст од 55 до 69 години. Тие консумираа исклучиво здрави намерници, а долгогодишните истражувања покажаа дека животниот век на жените се продолжил и до 15 години во споредба на оние жени кои не водеа сметка за здрава исхрана, а на мажите животниот век се продолжил и до 8 години.

 

 

 

Суштина на медитеранската исхрана е маслиновото масло, риби богати со омега-3 полузаситени маснотии и диетални влакна, кои најмногу ги има во овошјето и зеленчукот, пченката, гравот, леќата, јачменот, интегрален ориз.

 

Диеталните влакна го забавуваат варењето и апсорпција на хранливите материи, го намалуваат нивото на шеќерот и маснотиите во крвта, ја зголемуваат ситоста помеѓу оброците и воспоставуваат нормално работење и празнењето на цревата, го превенира настанокот на канцер на дебелото црево.

 

Освен правилниот избор на храна, многу е важна и нивната подготовка. Треба да се избегнува пржењето , бидејќи на тој начин ослободуваат маснотиите кои доведуваат до артериосклероза, односно создавање на маснотии на ѕидовите на крвните садови. Како здрав начин на подготвување на храна, се препорачува барената храна, храна подготвена на пареа, динстана на вода со додаток на маслиново масло или печено во рерна.

 

Значи оброците треба да разновидни, со доста овошје и зеленчук, салати, супи, свежи треви, лук… Путерот и маргаринот треба да се замени со ладно цедено маслиново масло, користете не масни сирења и јогурт. Во исхраната вклучете го црниот леб, леб од рж, палента, дурум тестенини, интегрални ориз, леќа, грав, житарки од цело зрно поради богатство на диетални влакна и печурки како извор на билните протеини. Намалете го консумирањето на црвено месо на еднаш неделно, а риба и пилешко месо консумирајте два пати во неделата. Препорачани дневни дози е околу пола килограм овошје и исто толку зеленчук.

 

Секако со добар и правилен избор на намерници треба да се внесува што повеќе течност. Најдобро е да се пие вода или чаеви, и тоа нана, камилица, зелен чај. Соковите треба да се избегнуваат поради голема концентрација на шеќер. Вода се пие пред и помеѓу оброците, а никако не се советува непосредно по јадењето бидејќи на тој начин се забавува варењето.

 

Искуствата покажаа да медитеранската исхрана го запира настанокот на бројните хронични заболувања. Медитеранската исхрана има позитивен ефект во спречување на дебелењето, метаболични синдром, во спречување и лечењето на шеќерната болест и атеросклеротски компликации инфаркт или шлог.

 

Прекумерната тежина е проблем со епидемиски пропорции кои го зголемуваат ризикот за различни врсти на карцином кои можат да се превенираат со симнувањето на килограми и со примена на медитеранска исхрана.

 

Храна која се препорачува – црн, ржан, интегрален леб или замена за леб ( палента, интегрален ориз, грав, леќа, варена пченка, снегулки од овес, јечам . Кисело, слатко млеко и јогурт со помалку од 1,6% млечна маст, не масно сирење. Пилешко, месо од мисирка, телешко и јунешко месо, речна и морска риба, коњско месо, дивеч. Од сувомеснати производи, пилешки и мисиркини гради, говедски производи кои не се солени, туна. Два до три јајца во неделата и пола килограм овошје и зеленчук. Маслиново масло ладно цедено, нерафинирано, маслинки, јатки од орев ( 6 до 8 јатки орев ), една рака бадем или лешник.

 

Храна која не се препорачува – бел леб ( производи од бело брачно, лиснато тесто ), полномасни сирења, кашкавал, путер, кајмак, маргарин,крем сирење, свинско месо и свински преработки, паштети ,џимиринки, товени речни риби, пржени јајца, доколку личноста има дијабетес, не треба да консумира грозје, смокви, сливи и банани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma