„ОДАМ НА ПОДОЛГО, ЌЕ ВЕ ЧУВАМ ВО МОЕТО СРЦЕ“ Адел ги известила фановите за нејзиното повлекување од музичката сцена

popara5 септември, 20241min00
Screenshot_3

Британската пејачка Адел ја заврши серијата концерти во Минхен и призна дека уште долго нема да има повторна средба со обожавателите, пренесе „Мирор“.

 

 

 

„Имам уште десет концерти пред себе, а потоа веројатно нема да се видиме уште долго, но ќе ве носам во срцето“, изјави пејачката.

 

Претходно Адел изјави дека ќе се врати во Лас Вегас за да ги заврши концертите, кои веќе ѝ се договорени таму, но дека потоа ќе направи поголема пауза од својата музичка кариерата т.е. дека не планира да се занимава со музика.

 

„Сакам да направам голема пауза после ова и мислам дека сакам да правам други креативни работи. Барем на кратко“, изјави Адел.

 

Концертите во Вегас, наречени „Викенди со Адел“, ќе траат до 23 ноември. Инаку, пејачката своевремено изјави дека тие концерти ѝ биле најлошите моменти во кариерата, не само затоа што проектот требало да се оживее кога имало пандемија, туку затоа што, како што рече, „немале душа“.

 

„Сцената не беше добра. Беше многу одвоена од мене и мојот бенд и немаше интимност. Можеби премногу се трудев да ги дадам тие работи во толку контролирана средина. Тоа беше најлошиот момент во мојата кариера досега, а јас беше многу возбудена поради тоа…“ објасни Адел.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag