Одлично и за кожата и за косата: Како се користи пивото во служба на убавината?

popara27 април, 20241min00
Screenshot_5

Овој пенест пијалок неверојатно придонесува за вашата убавина, а помага дури и во борбата против брчките

 

 

 

Освен што спаѓа во еден од најпопуларните летни алкохолни пијалаци, пивото е и повеќе од тоа – може да ви помогне да изгледате подобро.

 

Ви претставуваме неколку начини на кои овој популарен, пенлив пијалок може да ви помогне да изгледате одлично.

 

АКТИВНО СЕ БОРИ ПРОТИВ БРЧКИТЕ

Квасецот кој се користи за производството на пиво има неочекувана моќ на разубавување. На списокот на состојките во повеќето креми за против стареење ќе го најдете под називот аденозин трифосфат (аденозин трифосфат). Споменатата состојка е високо ефикасна во “пеглање” на брчките.

 

Истражувањата покажале дека пивото, кое во себе содржи и силициум, ги уништува слободните радикали кои се наоѓаат во кожата и внатрешните органи.

 

СЕ БОРИ И ПРОТИВ АКНИТЕ

Седиментите на пивото (пивскиот квасец) може да помогнат и во случаите на акни преку забавување на производството на себум и елиминирање на бактериите кои го предизвикуваат создавањето на акни. Оваа главна состојка на пивото е позната и како одлично средство за одржување на pH рамнотежата на кожата на оптимално ниво.

 

БЛЕСКАВА КОЖА

Пивото помага при исфрлање на отровите од кожата, секако доколку го консумирате во умерени количини. Кога се нанесува површински, пивото може да го исчисти тенот, да го излечи перутањето на кожата и да ја омекне, и тоа сето благодарение на пантотенската киселина и витамините кои ги содржи.

 

ГИ ОМЕКНУВА ПЕТИЦИТЕ

Ако ги потопите стапалата во купка од пиво, ќе имате помеки и помазни стапала. Витамините Б комплекс, минералите и квасецот кои ги содржи пивото може да ги омекнат задебелувањата на петиците и полесно ќе можете да ја отстранитте мртвата кожа од нив. За овие цели, најдобро е да се употребуваат потемните варијанти, бидејќи тие содржат повеќе антиоксиданси, хранливи материи и протеини кои помагаат побрзо и полесно да ги разубавите вашите петици.

 

И ДАВА СЈАЈ НА КОСАТА

Доколку ја измиете вашата коса со пиво, таа ќе ви биде благодарна. Освен Б витамините, протеините кои се наоѓаат во хмељот помагаат во процесот на обновувањето на оштетената коса и и даваат волумен. Во меѓувреме, малтозата и сахарозата од овој популарен пијалок и даваат на косата прекрасен сјај.

 

ГИ УНИШТУВА ЛОШИТЕ БАКТЕРИИ

Пивото влијае на подобро функционирање на виталните органи. Има антибактериски својства и штити од хелиобактериски инфекции во стомакот, но е и ефикасно средство во борбата против камен во бубрегот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma