Слатките поховани ролни се идеални за појадок со млеко или кафе.
Најважно е да додадете цимет кој ќе им даде посебен вкус.
Можете да ги послужите и со сладолед и овошје.
Состојки:
10 парчиња тост леб
3 лажици стопен путер
3 лажици кафеав шеќер
2 лажици цимет
3 јајца
1 лажица млеко
½ лажичка цимет
½ лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Секоја кришка леб расукајте ја со сукало. Во сад измешајте стопен путер, кафеав шеќер и 2 лажици цимет. Се премачкува на секое парче леб и се виткаат. Во сад измешајте ги јајцата, млекото, ½ лажичка цимет и ванилата. Секоја ролна потопете ја во смесата со јајца и пржете ја во тава со путер додека не поруменат сите страни.