Од Холивуд до фарма: Аманда Сејфрид открива детали од нејзиниот живот на село, за кој вели дека ја спасил

popara10 ноември, 202411min00
m_35685244_1280

Актерката Аманда Сејфрид донесе животна одлука кога направи пресврт во животот и се пресели од живиот Лос Анџелес на фарма во државата Њујорк. 38-годишната ѕвезда, најпозната по улогите во филмовите “Mamma Mia!” и „Mean Girls“ откри како овој потег бил клучен за нејзиното ментално здравје и како ја нашла својата мала оаза на мирот каде што може да ужива во својата приватност без грижа.

На фармата е придружувана од нејзиниот сопруг, актерот Томас Садоски и нивните две деца – седумгодишната Нина и четиригодишниот Томас, а актерката во интервју за Форбс зборувала за нивното секојдневие. „Се преселив на село долго пред да имам семејство, но престојот овде беше најдобрата одлука во однос на приватноста, мирот и живеењето во природа. Нуди поурамнотежен живот од градот. Исто така, постои вистинско животинско царство на имотот. Со своето семејство, таа се грижи за неколку видови кокошки, коњи, кози и магаре. Посебно место во нејзиното срце зазема 15-годишниот австралиски овчар Фин, кого го смета за нејзин најблизок пријател. “Тоа што го имав Фин кога се враќав дома кога имав дваесет години во Холивуд ми помогна да останам приземјена. Моите миленици навистина ме одржуваат во рамнотежа”, рече актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Seyfried💛 (@mingey)

Додала и дека нејзините деца учат важни животни лекции, кои најверојатно не би имале можност да ги научат во градот. „Тие ја учат одговорноста и привилегијата да се грижат за домашните миленици, дури и на нивната млада возраст. Мислам дека сите миленичиња ни даваат цел, и бидејќи толку многу ги збогатуваат нашите животи, ние сме одговорни за нивниот – што вклучува грижа за нивното здравје и добробитие“, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Seyfried💛 (@mingey)

Аманда е една од оние ѕвезди кои со преселбата на село покажаа дека славата и гламурот не се единствениот пат до среќата. Нејзиниот нов живот на фармата, исполнет со љубов кон семејството и животните, е инспирација за многумина кои копнеат за потивок и поисполнет живот, далеку од центарот на вниманието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Seyfried💛 (@mingey)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag