Од што зависи бројот на отчукувања на срцето? Лекарите предупредија која вредност не смееме да ја игнорираме

popara16 април, 20241min00
Screenshot_2

Отчукувањата на срцето во минута, кои уште се нарекуваат и пулс, се важни при откривањето на состојбата на вашето срце и здравјето на целиот крвоток. Многу луѓе често ги бројат отчукувањата на срцето, а во денешно време, постојат и мобилни апликации кои се мерат преку отпечаток од прсти. Сепак, не секој знае која е нормалната вредност, затоа што нормалното отчукување на срцето варира од личност до личност, а нормалниот опсег на возрасни е од 60 до 100 отчукувања во минута.

 

 

 

 

 

Пулсот зависи од различни фактори: возраст, пушење, кардиоваскуларни заболувања, висок холестерол, дијабетес, лекови, температура, позиција на телото и активностите со кои луѓето се занимаваат.

 

 

 

Познато е дека кај децата срцето чука побрзо, а кај спортистите побавно, во однос на просечната возрасна личност. Понекогаш родителите можат да се исплашат кога ќе им го измерат пулсот на децата, бидејќи тој може да биде многу бавен или многу брз – од 60 отчукувања во минута во состојба на мирување, па сè до 220 отчукувања во минута за време на физичка активност.

 

Кај децата кои се занимаваат со спорт, нормалниот пулс во состојба на мирување може да биде од 40 до 50 отчукувања во минута. Кај децата варијациите на пулсот се нормални и нема потреба за страв. Секако можете да го проверите неколку пати, по кратки паузи и доколку абнормалните броеви се повторуваат, треба да се обратите кај лекар.

 

Кај здравите возрасни личности, нормалниот пулс е помеѓу 60 и 80 отчукувања во минута, но може да дојде и до 100, што се смета за нормална граница. Над 100 отчукувања во минута во состојба на мирување кај здравите возрасни личности може да претставува причина за загриженост.

 

Во зависност од возраста, просечниот број на отчукувања на срцето во состојба на мирува изнесува:

 

За жени:

 

  • 18-25 години = 74-78
  • 26-35 години = 73-76
  • 36-45 години = 74-78
  • 46-55 години = 74-77
  • 56-65 години = 74-76
  • 65+ години = 73-76

 

За мажи:

 

  • 18-25 години = 70-73
  • 26-35 години = 71-74
  • 36-45 години = 72-75
  • 46-55 години = 72-76
  • 56-65 години = 72-76
  • 65+ години = 70-73

Кај спортистите пулсот е помеѓу 40 и 60 отчукувања, кај трудниците е во просек од 60 до 70 во минута, а кај здравите возрасни личности по физичка активност, најчесто измерениот пулсот е помеѓу 120 и 150 отчукувања во минута.

 

Во зависност од возраста, просечниот број на отчукувања на срцето кај активните личности, за време на вежбање со голем интензитет (50%-80%) изнесува:

 

За жени:

 

  • 18-25 години = 100-170
  • 26-35 години = 94-160
  • 36-45 години = 90-153
  • 46-55 години = 85-145
  • 56-65 години = 83-140
  • 65+ години = 78-132

 

За мажи:

 

  • 18-25 години = 95-162
  • 26-35 години = 93-157
  • 36-45 години = 88-149
  • 46-55 години = 84-142
  • 56-65 години = 80-136
  • 65+ години = 75-128

Иако постои широк спектар на нормален пулс, кој се разликува од личност до личност, невообичаениот висок или низок број на отчукувања на срцето може да укажува на основен проблем. Проблемот настанува доколку отчукувањата во состојба на мирување се повеќе од 100 во минута (оваа состојба се нарекува тахикардија) или доколку не сте спортист, а во состојба на мирување пулсот ви е помал од 60 отчукувања во минута (оваа состојба се нарекува брадикардија).

 

Доколку се препознавате во овие состојби, особено ако имате и други знаци или симптоми како несвестица, вртоглавица или се задишувате лесно, задолжително треба да се обратите кај својот лекар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag