Рок легендата и поранешен фронтмен на Black Sabbath, Ози Озборн е примен како соло изведувач во Куќата на славните на рокенролот.
Се наведува дека 75-годишниот „Принц на темнината од Бирмингем“ добил овации од 20.000 луѓе кои присуствувале на церемонијата во Кливленд, Охајо, САД, јавува BBC.
„Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене да бидам примен во Рокенрол Куќата на славните за мојата соло работа. Ви благодарам од се срце“, гласно рече Ози обидувајќи се да ги надмине громогласните овации откако актерот Џек Блек му ја врачи наградата.
Различната екипа на рок музичари, кои оваа година беа примени во Куќата на славните на рокенролот, ги вклучи, покрај Ози Озборн и Шер, Мери Џеј Блајџ, Питер Фрамптон, Foreigner, Tribe Called Quest, Бенд Дејв Метјус, Cool and the Gang, и постхумните почестени Џими Бафет, MC5, Алексис Корнер, Џон Мејал, Норман Витфилд и Биг Мама Торнтон.