Холивудскиот актер Педро Паскал синоќа имаше ноќ за паметење! По 25 години во еснафот на актерите, тој доби награда за улогата во серијата „The Last of Us“
Синоќа во Лос Анџелес се одржаа наградите на Screen Actors Guild, а Педро Паскал ја доби наградата за најдобар машки актер во драмска серија благодарение на улогата во серијата на HBO „The Last of Us“. Како што пренесува tportal, тој во својот говор потврди колку се сомневал во сопствената победа.
„Ова не е во ред поради многу причини“, го започна својот говор актерот по добивањето на наградата: „Малку сум пијан. Мислев дека треба да се напијам. Правам будала од себе, но многу ви благодарам за ова! Во синдикатот сум од 1999 година, така што ова е неверојатна чест. Благодарение на номинираните, сите, не можам да мислам на ниту едно име во моментов“.
@softpascalito VIVA CHILEEEEE #pedropascal #sagawards #pedropascalfan #pascalispunk
Мислејќи дека неговиот колега Киеран Калкин ќе добие награда за улогата во серијата „Succession“, Паскал си дозволил да испие неколку пијачки, а наградата искрено го изненадила.
Емотивниот актер за малку ќе заплачеше на сцената додека им се заблагодари на колегите од HBO кои му дадоа можност да глуми во серијата, а на крајот се заблагодари и на семејството.