На овогодинешното доделување на наградите „Греми“, познатата водителка Опра Винфри (70) покажа нова витка линија и и оддаде почит на пејачката Тина Тарнер.
Опра Винфри на церемонијата носеше елегантно црно здолниште, кое го спои со блуза од истиот светкав материјал. Со здолниште до колена кое и одговараше на нејзината витка фигура, носеше црни чорапи и црни салонки.
Носеше и ефективна овална црна чанта и избра накит што привлекува внимание – сјајни долги обетки, нараквица и прстен.
.@oprah was seen at this year’s #GRAMMYs in full Valentino. For the event, she opted for a #ValentinoVintage look from #ValentinoHauteCouture Fall/Winter 04, along with #VALENTINOGARAVANI pumps and the #VLogoMoonBag, styled by Annabelle Harron pic.twitter.com/sRlhcPoeje
— Valentino (@MaisonValentino) February 5, 2024
Тајната на нејзиниот изглед
Таа неодамна откри дека ослабела повеќе од 20 килограми и признала дека покрај редовните тренинзи и здравата исхрана, за тоа се заслужни и лековите за слабеење.
– По операцијата на коленото почнав да планинарам и да си поставувам нови цели секоја недела – откри Опра за нејзината успешна трансформација.
– Последниот оброк го јадам во 4, пијам галон вода дневно и ги користам принципите на „WeightWatchers“ за да ги бројам бодовите. Бев свесна за лековите за слабеење, но се чувствував како да треба да докажам дека имам волја да го направам тоа. Повеќе не се чувствувам така – додала Опра.
На “Греми” наградите, Винфри и оддаде почит на Тина Тарнер – која почина на 83 години минатиот мај.
View this post on Instagram
-Од моментот кога ја запознав Тина, прво како обожавател, а потоа и како нејзина пријателка, таа за мене беше посебен вид на пример – изјавила Винфри.
– И додека големите тркала на времето се вртат, гласот на Тина продолжува да ни зборува на сите – додаде Опра во емотивниот говор на сцената.