Освежува подобро од сладолед: Израдувајте ги сетилата со ладна супа од краставици

popara29 јули, 20241min00
676 - 2024-07-29T025851.009

Оваа ладна супа од краставици е инспирирана од шпанскиот газпачо – се подготвува од свежи краставици и не се готви.

Кога температурата во термометарот ќе се искачи над 35 степени, сакаме освежителни и ладни јадења на кои не треба да се трудиме премногу.

Оваа ладна супа направена од свежи краставици е совршен избор. Со добар блендер или сецкан зеленчук може да се подготви за помалку од пет минути.

Послужете ја како ладно предјадење или ужина во топол летен ден.

Состојки:

– 600 гр свежи краставици
– 150 гр грчки јогурт
– 3 гранчиња свежо нане
– 1 лимета
– грст свеж власец
– сол и бибер по желба

Подготовка:

Излупете ги краставиците, исчистете ги семките и исечете ги на коцки. Ставете ги со грчки јогурт во сечкач за зеленчук или блендер и претворете ги во густа супа. Во блендерот додадете свежи билки и сок од една лимета. Додадете сол и бибер по желба. Послужете ладно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma