Дали на душеците по дома имате тврдокорни дамки од кои не можете да се ослободите? Секако дека може да ви се случи тоа, особено ако имате мали деца во домот.
За среќа, постои одлично решение за отстранување на дамките и непријатните мириси од душеците со помош на неколку состојки кои веќе ги имате дома.
Како да ги отстраните дамките од душеците?
Потребни состојки:
250ml 3% хидроген (се продава во сите аптеки)
3 супени лажици сода бикарбона
Капка течен сапун или средство за миење на садови
Смесата треба да ја направите непосредно пред самиот процес на чистење за да биде максимално ефикасна.
Промешајте ги хидрогенот и сода бикарбоната. Кога сода бикарбоната целосно ќе се раствори во хидрогенот, додадете го течниот сапун и уште еднаш промешајте.
Ставете ја течноста во празен распрскувач и испрскајте го делот од душекот каде се наоѓа дамката.
Оставете ја активната пена да делува, почекајте да се исуши, а потоа само со сува четка отстранете ги остатоците од сода бикарбоната.
Со ова средство можете да го исчистите и целиот душек.