Напиток со бибер
Природен лек за мамурлак ќе добиете ако во чаша вода ставите три лажици свежо исцеден сок од лимон и половина лажичка куркума или црн пипер. Измешајте, додадете неколку коцки мраз и испијте. Ќе ве разбуди, ќе ви ги разбистри мислите, ќе ви го смири стомакот, ќе ви ја ублажи мачнината и ќе ви исчезне главоболката. Ќе бидете како нови!
Чај од ѓумбир
Мамурлакот и мачнините веднаш ќе исчезнат доколку го испиете овој чај. Земете парче корен од ѓумбир долг 1 см и потопете го во 250 мл зовриена вода. Можете да го исецкате. По 15 минути процедете го и испијте го чајот.
Зачинет сок од домати
Во чаша сварен домат ставете прстофат мелен лут пипер и шеќер и исцедете парче лимон. Овој пијалок ги надополнува електролитите и го регулира шеќерот во крвта.