Експерт откри како предметите што веројатно веќе ги имате во вашата кујна можат да помогнат вашите чевли да изгледаат како нови за неколку секунди.
Овој човек често споделува совети и трикови за домаќинството на неговиот профил на TikTok и има повеќе од шест милиони следбеници.
Во едно видео, тој даде неколку совети како да ги исчистите чевлите за да изгледаат беспрекорно.
Како најдобро да се исчистат чевлите
Компири, кора од банана и кесички чај можат да ви помогнат да ги трансформирате чевлите.
„Дали знаевте дека ако отсечете парче компир, можете да го користите за чистење на чевлите“, открил експертот, а потоа на следбениците им покажал како се ослободил од сите дамки на неговите бели тренерки.
Ако чевлите ви се влажни, треба да ги ставите во машина за сушење со врвките надвор од барабанот, само пет минути. После тоа покажа како да се ослободите од непријатниот мирис од чевлите.
„Земете две кесички црн чај и оставете ги преку ноќ, а лошата миризба ќе исчезне“, рекол тој и додал дека чевлите ќе ви светнат кога ќе ги истриете со кора од банана.
@creative_explained How to clean shoes naturally! 😲🤩 #shoes #lifehacks #cleaning #selfcare #tipsandtricks ♬ original sound – creative explained
.