На социјалните мрежи често се споделуваат разни трикови и совети за чистење на домаќинството, а еден трик за чистење на прашината зад радијаторот воодушеви многу корисници.
Имено, една жена побарала совет на мрежите како да се ослободи од прашината и нечистотијата што се собира помеѓу радијаторот и ѕидот.
Додека едни ѝ предложија специјална четка за чистење на радијаторот, други и рекоа да не ги троши парите залудно бидејќи има начин да го исчисти со нешто што веројатно веќе го има во својата куќа.
Неколку корисници ја советуваа да ја издува нечистотијата од радијаторот со фен, а потоа само да ја собере каде што паднала.
– Користам фен за да ја издувам прашината, а потоа го правосмукам она што излегува – откри еден корисник.
Друг додаде: – Користете фен за коса – ќе ја издува прашината од самото дно на радијаторот.
Радијаторите ефикасно можете да ги исчистите и со крпа на која сте исцедиле сок од лимон.