Ослободете се од првутот: Три природни третмани кои се поефикасни од вештачките препарати, а се користат вака

popara20 февруари, 20241min00
Screenshot_6

Oколу 60% од луѓето се соочиле со проблемот првут во одреден период од животот. Првутот може да се појави на било која возраст по завршувањето на пубертетот, но неретко се појавува и за време на пубертетот. Се смета дека мажите почесто страдаат од првут отколку жените.

 

 

 

 

 

Причината за појава на првут може да биде потењето или чувствителна кожа, хормонски дисбаланс, бактерии, габички, небалансирана исхрана, стрес.

 

Шампоните против првут можат да бидат доста ефикасни, но понекогаш можат да бидат доста штетни, затоа користете природни начини за да ослободите од првутот.

 

Може да си помогнете со некој од овие трикови.

 

Сок од лук

 

Лукот е богат со сулфур кој го минимизира создавањето на првут и ги негува влакната. Освен тоа, има и антибактериски својства кои се идеални доколку имате вакви проблеми, а антиоксидантите во сокот од лукот спречуваат појава на бели влакна. Сокот од лук е одличен и за поттикнување на растот на косата.

 

Сода бикарбона

 

Земете малку сода бикарбони и измасирајте го мокрото теме и косата. Масирајте и на крајот измијте убаво. Сода бикарбоната е нежен пилинг кој ќе го отстрани првутот.

 

Алое вера

 

Нежно нанесете го гелот од алое вера на темето и оставете го да делува 30 минути, а потоа измијте ја косата. Алое верата е одлична чистење на темето, а косата ќе ви биде мека и негувана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag