Кафеавите дамки на шолјите, особено оние предизвикани од чај и кафе, изгледаат грозно и треба да се измијат – но тоа не е толку тешко како што мислите.
Танините, растителни соединенија присутни во чајот и кафето, се одговорни за дамките што често ги гледаме на чашите. Иако не се штетни, тие можат да бидат грозни и понекогаш тешко да се отстранат со стандардно миење.
Иако многу луѓе посегнуваат по белилото за да ги отстранат, постои природно и едноставно решение кое делува за само пет минути – лимонска киселина.
Лимонската киселина, благодарение на својата кисела природа, ефикасно ги раствора овие тврдоглави дамки. Покрај тоа, има и природни антибактериски својства, па истовремено ја дезинфицира чашата.
Овој метод бара само една лажица лимонска киселина и топла вода. Во извалканата чаша се става лимонска киселина, па се додава топла вода, колку да ја покрие дамката. Доколку дамките се присутни и на повисоките делови од чашата, се препорачува целата чаша да се наполни со вода. Растворот се остава да делува пет минути.
По пет минути, чашата се исплакнува со топла вода од чешмата и се мие со детергент за садови. Резултатот е целосно чиста чаша без никакви траги од дамки.
Овој метод е особено корисен бидејќи не бара триење, што значи дека нема да има гребнатини од внатрешната страна на шолјата, пишува Express.