Актерката Блејк Лајвли неодамна го обвини својот колега Џастин Балдони за сексуално вознемирување. Блејк и Џастин работеа заедно на филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), а снимањето и промоцијата на филмот го одбележаа бројни контроверзи.
По тужбата што таа ја поднесе против актерот, Џастин се соочува со нови проблеми. Имено, актерот беше отфрлен од агенцијата за таленти „Вилијам Морис Ендевор“ (WME) и така ќе биде додека не се открие вистината официјално и на суд, пренесува „Дедлајн“.
Блејк поднесе жалба пред тужбата, што доведе до тоа агенцијата да одлучи да престане да работи со актерот. Инаку, Вилијам Морис Ендевор е компанија која исто така ја претставува Блејк Лајвли и продолжија да работат со неа.
Да потсетиме, Лајвли во тужбата тврди дека Балдони сексуално ја вознемирувал и ѝ нанел силна „емоционална болка“. Таа изјави дека Џастин импровизирал сцени со бакнување и други интимни моменти во филмот и тврди дека давал непримерни, сексуални коментари. Во тужбата кажа и дека Џастин во нејзината приколка непоканет, во време кога била соблечена. Актерката наведува и дека Џастин на сетот често разговарал за неговата зависност од порнографија.
Покрај тоа, таа го обвини и за оцрнувачката кампања преку социјалните мрежи. Имено, Џастин ангажирал тим за односи со јавноста додека го промовирал филмот, а Блејк тврди дека тоа го направил за да ја уништи нејзината репутација. Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, проговори за сè и рече дека нејзините обвинувања се „целосно лажни, срамота и намерно корумпирани“.