Откриена вистинската причина за раскинувањето на славниот пар: „Брзо пропадна“

popara1 ноември, 20241min00
Screenshot_4

Зои Кравиц и Ченинг Тејтум раскинаа по три години. Повеќе извори потврдуваат за „Пипл“ дека актерката од „Batman“ и актерот од „Magic Mike“ ја откажале свршувачката.

 

 

 

 

Тие ја започнаа врската откако работеа заедно на режисерското деби на Зои, „Blink Twice“, во кое глумеше Тејтум, а се верија пред една година. Кравиц беше видена како излегува без нејзиниот свршенички прстен во последниве недели, вклучително и неодамнешната средба со колешката од „Big Little Lies“, Шејлин Вудли.

 

„Уметноста е нашиот љубовен јазик“, изјави Кравиц за „Пипл“ по премиерата на „Blink Twice“ на 23 август, кога беше прашана дали ќе работат повторно со Тејтум во иднина. „Мислам дека тоа е она што ни се допаѓа, и сакаме да зборуваме за тоа, да го доживееме и да се поддржуваме еден со друг“, изјави тогаш Зои.

 

Тие последен пат објавија заедничка фотографија на Инстаграм профилот на Ченинг на 3 септември, на која Зои изгледа како да спие на на ноговото голо торзо додека тој прави селфи од нив двајца.

„Оваа мала слатка. Толку е уморна, човеку. Секој пат кога се прашував дали ќе се откаже… Таа само продолжи да оди и да оди понатаму”, напишал тој воодушевено. „Секогаш во потрага по вистината. Таа ја вложи секоја капка од себе во овој филм. Толку сум горд што стојам покрај неа, овој филм и сѐ што е во него. Засекогаш. Знаејќи колку беше тешко. Никој никогаш нема да знае“, напиша Ченинг покрај фотографијата.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag