Црвеното месо е една од најризичните намирници за луѓето кои боледуваат од дијабетес, предупредува гастроентерологот Нурија Дијанова.
Врз основа на неодамнешните резултати од истражувањата, Дијанова укажува на силната поврзаност помеѓу честото консумирање црвено месо и зголемениот ризик од дијабетес.
Истражувањето на примерок од 216.000 учесници, спроведено во текот на дури 36 години, покажа јасна поврзаност помеѓу црвеното месо и дијабетесот.
„Во текот на истражувањето, болеста била дијагностицирана кај 22.000 луѓе. Учесниците кои често консумирале црвено месо имале 62% поголем ризик од развој на дијабетес“, вели Дијанова од Московскиот научно-истражувачки центар за здрава исхрана. Овие резултати укажуваат на сериозен ризик за дијабетичарите и оние кои се склони кон оваа болест.
Замената на порција црвено месо со растителни протеини, како што се јаткастите плодови и мешунките, може драстично да го намали ризикот од дијабетес – дури 30%, тврди Дијанова. Јаткастите плодови и мешунките се богати со протеини кои се побезбедни за дијабетичарите бидејќи не содржат заситени масти кои се наоѓаат во црвеното месо.
Според гастроентеролог, заситените масти и хем железото, кои ги наоѓаме во црвеното месо, можат да поттикнат воспалителни процеси и оксидација во телото. Овие реакции не само што го зголемуваат ризикот од дијабетес, туку придонесуваат и за акумулација на висцерални масти и отпорност на инсулин, што дополнително ја отежнува контролата на шеќерот во крвта и го загрозува здравјето на дијабетичарите.
Овие наоди сугерираат дека дијабетичарите треба да размислат за намалување или дури и избегнување на црвено месо во нивната исхрана. Изборот на растителни извори на протеини не само што може да го намали ризикот од дијабетес, туку и да го подобри целокупното здравје.