Отстранете ги дамките и масните наслаги брзо и ефикасно.
Масните наслаги кои остануваат на шпоретот и садовите по готвењето се вистинска мака за чистење, а купените средства можат да бидат агресивни кон вашата кожа.
Доколку сакате безбедно и ефикасно средство за отстранување масни наслаги, можете да го направите сами. Еве како!
СОСТОЈКИ:
- 1,5 дл млака вода
- 1,5 дл алкохолен оцет
- 1 лажица детергент за садови
- сода бикарбона
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад додајте ги сите состојки, па со лажица измешајте додека не се поврзат. Ставете ја течноста во шише со распрскувач.
На дамката прво ставете малку сода бикарбона, а потоа испрскајте ја со мешавината за чистење. Оставете да отстои неколку минути. Со влажен сунѓер за садови истријте ја и отстранете ја дамката. Измијте ја површината или избришете ја прво со влажна, а потоа со сува крпа.