Американскиот пејач Џастин Тимберлејк (43) вчера се изјасни за невин за возење во пијана состојба, а судијата нареди да му се одземе возачката дозвола, објавија американските медиуми.
Музичарот беше запрен на 18 јуни во градот Саг Харбор, на околу 160 километри источно од Њујорк, откако полицијата забележала дека неговото БМВ не застанало на знакот за стоп и не е во сообраќајната лента. Полицаецот кој го запре пејачот рече дека тој не бил способен да вози.
„Очите му беа крвави и стаклени, здивот силно му мирисаше на алкохол, не можеше да се концентрира, зборуваше бавно, одеше нестабилно и падна на сите стандардни тестови за трезвеност“, се наведува во полицискиот извештај.
Тимберлејк учествуваше во постапката преку видео врска од Антверпен, Белгија, каде што е на турнеја на која го промовира својот последен албум.
Судијата Карл Ајрејс нареди да му биде одземена возачката дозвола на Тимберлејк, а адвокатот на пејачот, Едвард Бурк, на новинарите им рече дека тоа ќе трае додека трае случајот.
Бурк повторно инсистираше на тоа дека изведувачот не бил пијан и дека имал само едно мартини пред да го влечат.
Следното рочиште за случајот е закажано за 9 август, а Тимберлејк не мора да присуствува.