Се наоѓаме во делот од годината кој е обележан со слоевито облекување. Температурите се движат од неколку степени до повеќе од 20 степени. Излегуваме облечени во јакни и мантили, се враќаме дома носејќи ги преку раце.
Сепак, есента, а потоа и зимата, на многумина им е омилениот дел од годината кога станува збор за облекувањето, бидејќи нудат цела палета на можности за модни игри.
Доколку барате модна инспирација, подолу одбравме неколку есенско-зимски комбинации кои секогаш ќе ви заработат комплименти.
Во галеријата на почетокот на текстот ве чекаат и парчиња од продавниците со кои можете да составите вакви изданија.
1. Плетени парчиња + сатенско здолниште
Трикотажата повторно е дел од нашата гардероба, а одлично изгледа во комбинација со сатенски здолништа кои на секое издание му даваат шмек на шик и елеганција. Една таква комбинација одлично функционира со патики.
View this post on Instagram
2. Кардиган + црни панталони + тениски чевли
Оваа удобна и шик комбинација изгледа совршено и е направена за секој ден. За да ги разиграте црните панталони, изберете кардигани во впечатливи бои кои ќе ја подигнат целата комбинација.
View this post on Instagram
3. Впечатлива јакна + тексас здолниште + четкани кожени чизми
Тексас здолништата беа едно од најпопуларните парчиња облека минатата година, а многу дами со задоволство ги избираат и во 2024 година. Сега е време од годината кога ги носиме со чизми. Во комбинација со впечатлива јакна, целата комбинација станува уште подобра.
View this post on Instagram
4. Плетен фустан + голема чанта + големи чизми
Плетените фустани се можеби најпопуларниот модел во постудениот дел од годината. Се носат во разни комбинации и пригоди, а во комбинација со моторџиски чизми изгледаат навистина, навистина добро. Голема чанта е одличен додаток на комбинацијата, која можете да ја надополните со ремен на половината.
View this post on Instagram
5. Кошула со пруги + елек + карго панталони + патики
Кошулата со пруги е парче кое според многу модни експерти треба да биде дел од секоја гардероба. Станува збор за парче кое може да се носи преку целата година, а во комбинација со карго панталони и патики станува дел од шик, лежерна комбинација како да е направена за прошетка или дружење со пријателите.