Пет занемарени точки на телото кои гарантираат најдобар оргазам

popara4 август, 20241min00
62876028-neke-erogene-zone-nisu-tako-ocekivane

Кога станува збор за интимноста и сексот, не постојат универзални правила кои ќе одговараат на сите и ќе гарантираат најдобро задоволство за секого. Особено интересна тема често е постигнувањето оргазам, оној вистинскиот и квалитетниот.

Истражувањето често е клучниот збор кога станува збор за сексот, а што најдобро функционира за вас и вашиот партнер ќе дознаете ако се тргнете од вашата рутина и пробате нешто ново секогаш кога ќе се чувствувате подготвени.

Ако мислите дека ги знаете сите ваши и ерогени зони на вашиот партнер, размислете уште еднаш. Некои од нив се скриени и донекаде неочекувани, а овие пет што ви ги пренесуваме подолу гарантираат оргазам подигнат на повисоко ниво. И тоа кај двата пола.

Внатрешноста на зглобот

Овој дел од телото е особено чувствителен бидејќи кожата е тенка. Повеќето од нас не се навикнати таму да бидат допирани – барем не сензуално, што може да го направи неочекуваниот контакт возбудлив. Зглобовите на рацете имаат многу нервни завршетоци и се наоѓаат на пулсната точка.

Кога пулсот ви се забрзува додека возбудата го достигнува својот врв, можете да го почувствувате директно во вашиот зглоб, правејќи го чувството уште поинтимно. Обидете се нежно да го галите внатрешниот дел од зглобот на партнерот или дајте му нежни бакнежи од врвовите на прстите до зглобот.

Долниот дел на грбот

За некои луѓе, долниот дел на грбот е дури и најчувствителниот дел од телото. Нервите во овој дел од ‘рбетот се директно поврзани со вагината, а нивното стимулирање со притисок, бакнежи и галење може да резултира со „оргазмични сензации“ кај жените. Во најмала рака, експериментирањето со допирање на долниот дел на грбот на вашиот партнер е одличен начин да го зголемите целокупното задоволство. Значи, кој не сака добра масажа на грбот?

Скалпот

Скалпот е полн со нервни завршетоци. Лесно влечење за коса или чешлање е доволно за целото тело да трепери. Обидете се нежно да го галите скалпот на партнерот и да си играте со неговата коса. Овој вид на предигра ќе доведе до многу задоволувачка кулминација.

Внатрешниот дел на бедрата

Иако ова може да изгледа прилично очигледно, внатрешните бедра често се забораваат како длабоко ерогена зона. Внатрешните бедра исто така имаат многу нервни завршетоци и се многу блиску до гениталиите. Овие факти, во комбинација со ранливоста на област која обично е покриена или скриена, ги прават внатрешните бедра неверојатно интимни.
Бакнувањето, грицкањето и цицањето на кожата во оваа област е одличен начин да го запознаете вашиот партнер со она што го чека.

Дланката и врвовите на прстите

Не е тајна дека рацете се дел од телото кој е најчувствителен на допир. Размислете за многуте начини на кои прстите и дланките ве информираат за светот во кој живеете, а потоа преведете го тоа во интимен допир. Можете да ја држите раката на партнерот во вашата и да ја скокоткате неговата дланка со показалецот. Можете нежно да ги цицате врвовите на прстите, а можете и нежно да ги допирате со врвовите на прстите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag