Не секогаш физичкиот изглед е она што ги привлекува, или оддалечува. Сте се запрашале ли кои се најважните карактеристики и особини кај една девојка кои мажите никогаш не ги разбираат?
Ова се 5те типа на девојки со кои 90% од мажите не би започнале било каква блискост:
Згодна девојка која никогаш не престанува со забава. Луда забава до раните утрински часови е во ред, меѓутоа кога границите ќе се преминат – станува извештачен начин за привлекување внимание. Ниту еден маж не посакува девојка која речиси секој ден танцува и пие, а притоа безброј мажи ја гледаат како плен за една вечер.
Тип на девојка која едноставно ги презира мажите. Во ред е, сите сме се изгореле, меѓутоа оние девојки кои тоа никако да го преболат се едноставно одбивни. Додека седите на пијачка со потенцијален партнер, а започнувате разговор за тоа како сите мажи се детинести, незрели, или искористуваат, автоматски станувате девојка која никогаш повеќе не сака да ја сретне.
Прекрасна, а недопирлива девојка. Понекогаш „бркањето” на ваков тип девојка е забавно, меѓутоа, мажите не сакаат кога вечно се трудат, а за возврат не добијат ни насмевка. Девојките од типот „мораш многу да се потрудиш за да ме добиеш” или „ќе треба да си некој посебен за да бидеш со мене” често ја убиваат желбата за освојување кај било кој маж.
Независна девојка која тоа мора да го покаже. Прекрасно е да сте независна, да се издржувате самата себе и да живеете на висока нога од она што сами сте го заработиле. Ниту еден маж нема да се побуни доколку сакате да ја платите вашата половина од сметката, меѓутоа кога инсистирате на постојано докажување дека вие можете да го „издржувате” и него, вашата привлечност пропаѓа во вода.
Нападна девојка. Додека да трепне, партнерката веќе ја испланирала нивната свадба, каде ќе живеат и колку деца ќе имаат. Не, не е ниту слатко, ниту симпатично. Нападните разговори за иднината уште на првиот состанок едноставно се одбивни, како и 23те пропуштени повици на неговиот телефон. Верувајте, ниту еден маж не би се согласил да се врзе за девојка која е опседната со него.