Пејачката Адел сака долга пауза: „Воопшто не пеам дома, колку е чудно тоа“

popara18 јули, 20241min00
65th GRAMMY Awards - Deadline Photo Room

Пејачката Адел се повлекува на одредено време од јавноста по завршувањето на музичкото шоу „Weekends with Adele“ во Лас Вегас во ноември оваа година.

„Воопшто немам никакви планови за нова музика“, изјави Адел во интервју за германски ZDF.

„Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?“, изјави пејачката.

Инаку, Адел ја започна својата емисија „Weekends with Adele“ во Вегас, поточно во Цезар Палатата, во ноември 2022 година, а нејзиниот последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година.

Адел искрено зборуваше за своето искуство со славата, признавајќи дека и недостига анонимниот живот што го живеела пред да стане позната.

„Не ми се допаѓа да бидам позната. Сакам да правам музика и сакам луѓето да ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостига животот пред славата“, рече таа.

Да потсетиме, Адел во февруари мораше да одложи десет концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag