ПЕЈАЧКАТА ГИ МАЛТРЕТИРАЛА ВРАБОТЕНИТЕ?! ИЗЛЕГУВААТ ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ОД НЕЈЗИНОТО ОДНЕСУВАЊЕ! Фановите ширум светот разочарани

popara14 јуни, 20241min00

По гласините за разводот на бракот со актерот Бен Афлек (51), откажаната музичка турнеја и ред други проблеми, сега се појавија и гласини дека пејачката и актерка Џенифер Лопез (54) се однесувала како „дива“ со своите вработени и дека имала бизарни правила на однесување.

 

 

 

 

На пример, Лопез не им дозволувала да имаат контакт со очите со неа.

 

„Една наша пријателка работеше на осветлувањето зад сцената на еден од нејзините концерти. На сите работници им беа дадени строги упатства: ‘Не гледајте во г-ѓа Лопез. Нема контакт со очите’“, изјави извор, а пренесе „Дејли мејл“.

 

Оваа приказна ја потврдија и други извори.

 

„Познавав луѓе кои работеа во Мохеган Сан (американско казино), им беше наложено целосно да избегнуваат контакт со очите со Џеј Ло. Тие сè уште ѝ се смеат до ден-денес бидејќи таму се појавија многу поголеми ѕвезди кои беа пољубезни и попријателски настроени од неа“, „Мој пријател, инаку нејзин возач на лимузина, ги доби истите инструкции – не му беше дозволено да ја гледа во ретровизорите“,  „Имам пријател кој работеше на звукот на проект на Џеј Ло. Ја прекинала целата продукција и го исфрлила бидејќи ја погледнал во очи“, се дел од сведоштвата на изворите кои ги цитира „Дејли мејл“.

 

Приказните за непријатното однесување на пејачката се појавија откако блогерката Меган Мекејн изјави дека Лопез е „многу непријатна личност“.

 

„Џеј Ло нема репутација на добра, нормална личност. Нема да откривам ништо повеќе“, изјави Мекејн, која немала позитивно искуство со интервјуто со ѕвездата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag